Бившиот капитен на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг постигна договор со Барселона за да се пресели на позајмица на „Камп Ноу“ до крајот на сезоната.
Арсенал повеќе не смета на него, па му порача дека слободно може да си бара нов клуб и е спремен да го пушти на позајмица.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, Барселона ќе го донесе Обамејанг, само доколку успее да се раздели со Осман Дембеле до крајот на преодниот рок.
Каталонците не можат да регистрираат нови играчи доколку не ослободат простор за плати во тимот.
Дембеле е надвор од тимот откако одби да потпише нов договор, па Барса сака да го продаде до крајот на преодниот рок.
El Barça estudia una complicada alternativa por si no ficha a Aubameyang https://t.co/s25PRCQ2FV
— FCBarcelona Noticias (@FCBNOTICIAS) January 30, 2022