Иако беше на чекор од ПСЖ и беше мета на уште неколку големи клубови, Габонецот со својата одлука веројатно изненади многумина.
Во еден момент изгледаше дека се е готово, 14 милиони евра по сезона, Обамејанг беше пред вратите на ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, Дортмунд не сакаше да го пушти за помалку од 80 милиони евра, на крајот работите се искомплицираа. Се појави Милан, но „Милионерите“ пред неколку дена ги обвинија за недостаток на респект и одбија да преговараат.
Но, ниту Обамејанг не беше премногу „загреан“ за „росонерите“, клуб каде што практично ја започна професионалната кариера, а повикот кој го чекаше, не го доби. Реал не беше заинтересиран.
Сега, повеќе германски медиуми пренесуваат дека Дортмунд постигнал договор со неименуван кинески клуб и Габонецот ќе се пресели во Кина, но во јануари.
Габонецот ќе мора да почека јануарскиот преоден рок бидејќи во Кина во овој момент трансфер пазарот е затворен. Се шпекулира дека ќе заработува 30 милиони евра по сезона.
BILD: Dortmund's Pierre-Emerick Aubameyang will move to China in January. #BVB
— Bundesliga Spotlight (@BundesligaSpot) July 21, 2017