Дома Фудбал Англија Нов шок за Манчестер Јунајтед: По Мартинез и Варан, завршена сезоната и за Бруно Фернандеш?!

Нов шок за Манчестер Јунајтед: По Мартинез и Варан, завршена сезоната и за Бруно Фернандеш?!

Со многу проблеми со повреди се соочува Ерик Тен Хаг во финишот од сезоната откако остана без Лисандро Мартинез и Рафаел Варан до крајот на сезоната, сега сериозна повреда заработил и Бруно Фернандеш.

Португалецот се повреди против Брајтон во полуфиналето од ФА Купот и според последните информации сезоната за него е завршена.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


И покрај таа повреда Фернандеш одби да го напушти теренот и остана до завршницата од натпреварот.

Манчестер Јунајтед не се огласил, меѓутоа Бруно сигурно ќе го пропушти натпреварот со Тотенхем, а допрва треба да се види за каква повреда станува збор. Сепак, најавите од Островот засега воопшто не се добри…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер, Милан и Јувентус се „тепаат“ за новата италијанска ѕвезда

Откако го обезбеди привлекувањето на напаѓачот на Парма, Анже-Јоан Бони, Интер има намера …