Дома Фудбал Останато Нов кикс на Французите – срамен картон за Марио Балотели

Нов кикс на Французите – срамен картон за Марио Балотели

baloteli

Нов кикс на судиите во Франција.

Иако од Марио Балотели сме навикнати да прави инцидентите и добива заслужени картони овој пат беше направена неправда кон италијанскиот репрезентативец.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено во текот на натпреварот помеѓу Ница и Дижон кој заврши со победа на Дижон од 3:2 Балотели не успеа да се запише во листата на стрелци, но неговото име се најде во бележникот на главниот арбитар.

Сигурно многумина би претпоставиле дека поранешниот напаѓач на Интер, Милан, Манчестер Сити и Ливерпул повторно направил некаква глупост, но тоа овој пат не беше случај.

Имено, тој во 72 минута од натпреварот гестикулираше кон навивачите на Дижон да престанат со расистичките навреди. Потоа Италијанецот одлучи да се пожали и кај главниот судија, Никола Ренвил, па си доби жолт картон.

Навистина неверојатен потег од страна на главниот арбитар. Прашање е дали воопшто го слушал Балотели или пак одлучил на основа на неговата репутација да го опмени.

По повод овој картон се огласи и Ница преку својот официјален Твитер профил.

„Во меѓувреме, Балотели доби жолт картон бидејќи му здосади да ги слуша расистичките навреди“, стои во објавата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…