На Манчестер Јунајтед не му цветаат рози ни оваа сезона, но ако некој целосно задоволи со своите претстави на теренот, тогаш тоа сигурно е младиот Џеси Лингард за кого Жозе Мурињо и раководството спремија награда.
Имено, момчето кое поникна во младинската академија на „црвените ѓаволи“, оваа сезона е еден од најдобрите поединци, па раководството реши да му понуди нов четиригодишен договор.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Притоа клубот од „Олд Трафорд“ има намера тројно да му ја зголеми платата, па наместо 30.000 евра неделно, ќе му понуди договор со седмична заработка од 117.000 евра. Значи, според новиот договор Лингард ќе заработува 5,5 милиони евра годишно.
24-годишниот Лингард во октомври минатата година дебитираше и за сениорската репрезентација на Англија во натпреварот против Малта, што доволно говори за како за каков потенцијал се работи.