Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се најде во проблеми кога во прашање е последната линија на тимот.
Дефанзивецот на Граѓаните, Џон Стоунс се повреди и на теренот нема да го гледаме пет недели, потврди Пеп Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот стручњак претходно остана без Французинот Лапорте кој го повреди коленото и се уште не е познато кога ќе се врати на теренот.
Тоа значи дека Пеп сега како единствен стопер остана Николас Отаменди, па секако ќе мора да пронајде алтернативно решение на оваа позиција.
За Граѓаните наскоро следуваат супер-тешки натпревари бидејќи започнува и натпреварувањето во ЛШ, па ова секако ќе биде тежок удар.
Едно од можните решенија на позицијата стопер е искусниот Фернандињо, кој претходно добро се снаоѓаше во таа улога.