Дома Топ вести Нови правила во ПСЖ, Меси, Нејмар и Мбапе не смеат да користат телефони

Нови правила во ПСЖ, Меси, Нејмар и Мбапе не смеат да користат телефони

Новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие им забрани на најголемите ѕвезди на тимот, Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, како и на другите фудбалери да користат мобилни телефони за време на клупскиот појадок и ручек, објави португалски „Рекорд“.

Галтие исто така наредил споменатата тројка да вечера со остатокот од тимот во тренинг кампот, освен во посебни прилики.

Мерките на новиот тренер значат и дека пристигнувањето на тренинг е меѓу 8:30 и 8:45 часот, а секој фудбалер кој доцни може слободно да се врати дома.

Фудбалерите на ПСЖ моментално се на турнеја во Јапонија каде го совладаа Кавасаки Фронтале со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед размислува за трансфер на дефанзивец од Манчестер Сити

Квинтон Форчун, поранешен играч на Манчестер Јунајтед, го советува клубот да го разгледа м…