Дома Луд Спорт Нова спортска трагедија: Боксер почина од последица на удари во ринг! (видео)

Нова спортска трагедија: Боксер почина од последица на удари во ринг! (видео)

После смртта на русинот Максим Дадашев, уште една тажна вест ја потресе светската боксерска јавност. Почина аргентинскиот боксер Хуго Сантилан од последици претрпени од удари во текот на меч.

Младиот боксер во саботата имаше борба, а по неколку дена почина од последиците зададени од ударите во текот на борбата. Минатиот викенд тој се бореше со Едуардо Хавиер Абрео, а мечот заврши нерешено.

На Сантилјан во 4 рунда му прокрвари носот, но продолжи да се бори, а кога заврши мечот се онесвести.

По борбата имаше две операции на мозокот поради згрутчување, но на крајот почина.
Имаше само 23 години, а во кариерата постигна 19 победи, 6 порази и 2 нерешени борби.

https://youtu.be/BA58KzFj_dw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…