Дома Фудбал Нова идеја во Серија А: Сезонава да се игра до октомври!?

Нова идеја во Серија А: Сезонава да се игра до октомври!?

Додека трае паузата во европските првенства се појавуваат разни опции за нивно продолжување, а сега претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина потврди дека Серија А би можела да заврши во септември или октомври.

Како што е познато поради пандемијата од Ковид-19 во Европа не се игра фудбал, освен во Белорусија.

„Единствениот начин да се соочиме со ситуацијата е сезонава да заврши оваа година и тоа на било кој начин. Даваме се од себе за да најдеме решение. Се надеваме дека може да продолжиме на 17. мај, меѓутоа не можам да потврдам дека тоа ќе биде така. Серија А би можела да трае до септември или октомври“, изјави Гравина.

Засега не е познато што ќе биде со наредната сезона ако оваа трае толку долго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Протестите го прекроија распоредот во Лига 1: Три меча добија нови термини

Натпреварите во Лион, Ница и Лоријан се преместени по барање на властите, бидејќи безбедно…