Дома Фудбал Првиот човек на ФИГЦ: Побара одложување на колото во Серија А пред мечот со Македонија

Првиот човек на ФИГЦ: Побара одложување на колото во Серија А пред мечот со Македонија

Фудбалскиот сојуз на Италија (ФИГЦ) денес побара да се одложат натпреварите кои се закажани на 20 март, четири дена пред натпреварот против Македонија.

Со ова барање федерацијата сака да му помогне на Роберто Манчини најголем дел од неговите играчи да бидат одморени пред важниот натпревар.

„Испративме барање до Серија А да се одложи колото на 20. март за да и помогнеме на репрезентацијата. Знаеме дека распоредот во првенството е густ, но мислам дека може да се најде простор со цел да репрезентацијата да има корист“, изјави првиот човек на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина.

Натпреварот помеѓу Италија и Македонија се игра на 24. март на „Ренцо Барбера“, а билетите за овој натпревар се веќе пуштени во продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Љубичиќ не запира: Трет меч по ред со гол, вторпат погоди во ЛШ

Роберт Љубичиќ ја продолжи голгетерската серија во ЛАСК, а на последните седум натпревари …