Дома Фудбал Италија Јувентус нема да ја даде титулата, првенството продолжува, еден клуб одбива да игра

Јувентус нема да ја даде титулата, првенството продолжува, еден клуб одбива да игра

Претседателот на италијанскиот фудбалски сојуз, Габриеле Гравина изјави дека е одлучен во намерата оваа сезона во Серија А да се заврши.

„Кога за тоа ќе се добијат услови ќе го завршиме првенството“, изјави Гравина во разговор за „Скај Спорт Италија“. Тоа значи дека Јувентус нема да биде прогласен за шампион иако во моментот на прекинот беше прв, но и дека сезоната нема да биде поништена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Италија има повеќе од 150.000 потврдени случаи на коронавирусот, а скоро 20.000 починаа како последица на овој вирус. Помеѓу заразените има и фудбалери на италијанските прволигаши.

Претседателот на италијанската фудбалска организација се надева дека сите фудбалери пред почетокот на првенството ќе бидат тестирани на новиот коронавирус, што е еден од предусловите за продолжување на сезоната која е прекината од 9. март. До крајот на сезоната останаа уште 12 кола и неколку заостанати натпревари.

„Дали ќе се игра во текот на летото? Не сме поставиле некој конечен рок, но нашата замисла е првенството да се заврши“, изјави Гравина.

Бреша: Не играме сигурно!

Со претседателот на италијанскиот фудбалски сојуз не се сложуваат ситу претседатели на клубовите. Сопственикот на последнопласираната Бреша, Масимо Селино е со јасен став дека неговиот тим нема да игра сезонава, дури и ако првенството се продолжи.

„Повторувам, едонставно нема да играме. Ова не е некоја провокација. Ќе ја превземам целата одговорност“, изјави Селино.

Како и да е доколку дојде до продолжување на сезоната, тоа сигурно ќе биде без присуство на публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лаутаро Мартинез: Моравме да ја искористиме можноста да ја освоиме титулата токму против Милан

Во натпреварот од 33. коло на италијанската Серија А, Интер го совлада градскиот ривал Мил…