Младиот Бразилец Ендрик (17) неодамна го прослави освојувањето на првиот трофеј во сениорската кариера во кој му се предвидуваат уште многу успеси.
Неговиот Палмеирас стана шампион на Бразил, а тинејџерот постигна 11 гола во шампионската кампања на клубот од Сао Паоло.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Потписот на Ендрик веќе го обезбеди Реал Мадрид. Кралскиот клуб реагираше веднаш штом Палмеирас стана подготвен да преговара и плати 60 милиони евра плус бонуси.
Ендрик го комплетираше трансферот во Реал, а на „кралскиот“ клуб ќе му се приклучи во јуни, кога ќе наполни 18 години.
„Изодевме нависитна долг пат со моите родители, на моменти истиот беше навистина тежок и се состоеше од многу препреки. Тие секогаш беа блиску до мене и ми помагаа. Во одреден дел, моите родители навистина страдаа, имаше моменти кога гладувавме и мојата цел беше јасна: Моите родители веќе никогаш да не бидат гладни! Сигурен сум дека го остварив тоа со трансферот во Реал“, изјави Ендрик.