Дома Топ вести Новата холандска ѕвезда пред трансфер на „Олд Трафорд“

Новата холандска ѕвезда пред трансфер на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед во јануари повторно ќе тргне по холандскиот крилен фудбалер Коди Гакпо, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тен Хаг значително го засили нападот со доаѓањето на Антони, но не се откажува од идејата да го донесе Гакпо на „Олд Трафорд“.

22-годишната ѕвезда на ПСВ одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Јунајтед не успеа да го донесе во летниот преоден рок.

Гакпо е еден од најголемите таленти во Холандија во овој момен и оваа сезо на 22 меча постигна 13 гола и запиша 16 асистенции во сите натпреварувања.

Наводно Гакпо веќе има договор со „црвените ѓаволи“, а преговорите помежу двата клуба брзо напредуваат и наскоро се очекува конечен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…