Дома Фудбал Останато Не трчаш, не тренираш, го продаваш Роналдо и зработуваш огромна сума!

Не трчаш, не тренираш, го продаваш Роналдо и зработуваш огромна сума!

0

Да се биде менаџер на официјално најдобриот фудбалер во светот воопшто не е лоша работа.

Агентот на феноменалниот португалски фудбалер, Кристиано Роналдо, покрај огромната зделка со италијанскиот клуб соработуваше и при трансферот на Жоа Кансело. Вусшност, како што откри спорткиот директор на „старата дама“ токму тогаш започнала операцијата, „Роналдо“.

Неколку недели по трансферот на Кансело, Јувентус го купи Роналдо за сума од 100 милиони евра која ќе биде исплатена на две рати.

Секако, дел од „колачот“ ќе добие и Мендеш и тоа воопшто не мала сума.

Имено, Мендеш од трансферот на Роналдо на своето конто ќе инкасира 12 милиони евра.

Во склоп на овој трансфер сума од пет милиони евра ќе поделат поранешните клубови на Роналдо, Спортинг Лисабон и Манчестер Јунајтед.

Платата на Роналдо во Јувентус ќе изнесува 30 милиони евра по сезона, а голем дел од истата ќе биде покриена од страна на ФИАТ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бензема му одговори на Де Лаурентис: Уште еден лудак!

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис денес ги демантираше шпекуалциите дека клубо…