Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез е еден од оние поради кои настана хаосот на мечот Бразил – Аргентина. Сега Мартинез зборуваше дека не сакал да направи трансфер во Арсенал, туку бил принуден на такво нешто.
Аргентинскиот голман како 17-годишно момче во 2010 година ја напушти Аргентина и се пресели во Арсенал за еден милион фунти. Во Арсенал се задржа 10 години, но најчесто беше испраќан на позајмици. Минатото лето направи трансфер во Астон Вила.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дадената шанса на Вила Парк одлично ја искористи, а летово беше прогласен и за најдобар голман на Копа Америка.
„Кога дојде Арсенал да ме бара мојот тренер во Индепеденте, Пеп Санторо ми кажа дека возот поминува само еднаш. Истото мислење го имаше и моето семејство, па одлуката повеќе беше за нив, отколку јас што сакав. Не сакам да одам во Арсенал. Сакав да продолжам да бранам во Индепендиенте. Но, на моето семејство му беа потребни пари, па бев принуден“, изјави Мартинез.