Тренерот на фудбалерите на Галатасарај, Окан Бурук има големи амбиции и сака во јануари на позајмица да го доведе фудбалерот на Манчестер Сити, Матео Ковачиќ.
Бурук е незадоволен од францускиот фудбалер Тангу Ндомбеле, па поради тоа го означил Ковачиќ како една од главните цели во јануарскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Галатасарај во овој момент има на табелата има 37 бода колку и Фенербахче со кого сигурно ќе водат битка за титулата до крајот на сезоната.
Сепак, јасно е дека Галатасарај тешко ќе дојде до потписот на хрватскиот играч за врска. Инаку, во текот на вчерашниот ден се појави информација дека турскиот гигант е заинтересиран и за македонскиот фудбалер Елиф Елмас (ТУКА) кој сезонава додека беше Руди Гарсија на клупата на Наполи скоро и да не добиваше шанса, сега со Мацари ситуацијата изгледа дека може да биде поинаква.
Очигледно Галатасарај е во потрага по засилување во средниот ред, турските медиуми шпекулираат, па времето ќе покаже на кого ќе падне конечниот избор.