Фудбалерите на ПСЖ вчера на гостувањето го совладаа Тулуз со минимални 1:0 во рамките на 25. коло од француската Лига 1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Парижаните потешко од очекувањата дојдоа до нови три бода, а јунак на овој тим повторно беше Нејмар кој го постигна единствениот гол на натпреварот. Сепак, бразилскиот фудбалер ги загрижи навивачите на ПСЖ со објавата на Инстаграм по натпреварот.
Нејмар покажа дека има жестоки дуели со противничките играчи, а најмногу страдаат неговите зглобови. Докторите веднаш се загрижија за него за да биде подготвен за натпреварот во ЛШ против Реал Мадрид кој се игра во среда.
