Дома Топ вести Нејмар со ултиматум до Барса – ако тој остане, јас заминувам!

Нејмар со ултиматум до Барса – ако тој остане, јас заминувам!

Пред неколку дена медиумите информираа за расправијата помеѓу помошниот тренер Унзуе и Нејмар. За малку не дошло до физичка пресметка откако помошникот на Енрике му дал неколку тактички примедби на Бразилецот и му рекол дека треба повеќе да се сконцентрира на фудбал.

Помошник тренерот на Барса не бил задоволен од залагањето на Бразилецот па му упатил неколку замерки на напаѓачот. Наводно тренерот му порачал дека ако продолжи вака, ќе заврши како Роналдињо.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


По ова Нејмар побарал средба со челниците на Барса и им се заканил дека ќе си замине ако Унзуе биде назначен за нов тренер на каталонскиот клуб.

После ваквиот ултиматум на Нејмар соблекувалната на Барса е поделена, бидејќу повеќето од нив сметаат дека Нејмар не смее да се однесува така и да му поставува ултиматум на клубот.

Притоа, треба да се напомене дека Унзуе е омилен меѓу фудбалерите, но „Мундо Депортиво“ тврди дека после новонастанатата ситуација неговите шанси да биде промовиран во прв тренер се еднакви на нула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Вардар има нов газда!

Oд екипата на Вардар денес и официјално потврдија дека Атила Бижен Жалили откупил 85% од а…