Дома Фудбал Нејмар после две години почна да учи француски јазик

Нејмар после две години почна да учи француски јазик

Нејмар ова лето направи се за да си замине од ПСЖ и да се врати во Барселона, но двата клуба не се договорија, па Бразилецот остана во Париз.

Шпанските медиуми тврдат дека Нејмар се помирил со фактот да остане во ПСЖ и започнал на часови по француски јазик, бидејќи сака побрзо да се реинтегрира во тимот, а со тоа да им покаже на фановиет дека се променил.

Нејмар до сега комунициераше само на португалски јазик и одлично се разбираше бидејќи во клубот има доста Бразилци, но сега решил конечно да започне да учи француски, па оди на лекции секој ден.

Покрај тоа, Нејмар започнал внимателно да ги следи и француските медиуми, па многумина сметаат дека тоа е желба повторно да се реинтегрира во тимот.

Раководството и фановите на ПСЖ се спремни да му понудат пријателска рака, па дури и да му понудат нов договор доколку Нејмар реши долгорочно да остане во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда го продаде за осум милиони евра, а Мијатовиќ сега тешко стигнува и до стартниот тим

Јован Мијатовиќ има само еден гол на 21 настап за Ајнтрахт Брауншвајг, а сезонава само едн…