Дома Топ вести Нејмар, Гризман, Кавани, Дибала, Левандовски…Лудо лето е пред нас кои напаѓачи ќе ја променат средината!?

Нејмар, Гризман, Кавани, Дибала, Левандовски…Лудо лето е пред нас кои напаѓачи ќе ја променат средината!?

Некои трансфери се веќе познати, некои се блиску до реализација, некои пак ќе бидат производ на домино ефект…

Летото кое следи би можело да предизвика вистински земјотрес кога во прашање се напаѓачите. Голем број големи клубови бараат нови голгетери, а евентуалното заминување на Нејмар од Пари Сен Жермен би можело да предизвика голем домино ефект.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Очекувањата се да видиме барем седум или осум големи трансфери…

Некои работи како што споменавме се веќе извесни.

Првиот голем трансфер би требало да биде Антоан Гризман (од Атлетико Мадрид во Барселона). Каталонците според сите најави се спремни да ја платат клазулата од 100 милиони евра, можеби би бил понуден и Дембеле за да се намали цената, но тоа е малку веројатно.

Утрово сите светски медиуми ја пренесуваа веста дека Паоло Дибала при посетата на Мадрид имал состанок со Диего Симеоне, наводно аргентинскиот стручњак во Дибала гледа идеална замена за Гризман.

Секако, Јуве тешко ќе се откаже од Дибала, ниту пак има намера да прави големи промени во нападот. Од друга страна пак нивниот италијански ривал Интер мора да прави промени. Договорен е трансферот на Лаутаро Мартинез од Расинг, а многумина сметаат дека пристигнува како замена за Мауро Икарди.

Икарди има клазула од 100 милиони, се споменуваа Реал, Челзи и Јунајтед, но Аргентинецот преговара и со Интер од кој бара осум милиони евра по сезона, плус приходите од маркетиншките права.

Можеби во трката ќе се вклучи и ПСЖ, ако Нејмар остане, Кавани ќе замине. И ПСЖ го сака Дибала, но опција е и Бензема на кого изгледа дека времето во Реал Мадрид му истече. За Французинот подолг период се интересираат Арсенал и Ливерпул, а самиот фудбалер се уште не се изјаснил.

Кој би го заменил Бензема во Реал?

Прва мета е Роберт Левандовски, неодамна „Мундо Депортиво“ објави дека напаѓачот веќе се договорил со „кралевите“, но Баерн за неговите услуги бара 100 милиони. Во случај на заминување на полскиот напаѓач, што е многу веројатно поради промената на неговиот агент (без разлика дали би бил Реал или некој друг клуб) Баерн се очекува да тргне по 22 годишниот Тимо Вернер од Лајцпиг.

Одиме понатаму, Гонзало Гуедеш игра одлично во Валенсија, го откупија од ПСЖ, а Роналдо го притиска Перез да му го доведе неговиот сонародник.

Хари Кејн и понатаму е актуелен, но Тотенхем тешко ќе го пушти, додека висока ќе биде цената и на Мичу Батшуаи. Имено, како вишок во Челзи беше испратен во Борусија Дортмуд каде што покажа дека во Челзи згрешиле. „Милионерите“ сигурно ќе сакаат да го откупат, но цената воопшто нема да биде мала (се шпекулираше околу 60 милиони евра).

И на крајот, не престануваат гласините околу Кун Агуеро, можеби токму тој би бил изненадувањето на летото. Жесус има доверба од Пеп и доколку „граѓаните“ го подмладуваат тимот, Аргентинецот веројатно би заминал, иако тешко е да се верува дека Гвардиола ќе се откаже од неговите услуги.

Останува да видиме како ситуацијата ќе се развива, но едно е сигурно не очекува жешко лето и веројатно барем неколку големи трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Eкипата на Баерн Минхен се уште активно бара нов тренер, а сега на списокот желби наводно …