Дома Фудбал Останато Нејмар ги изгуби нервите: Престанете веќе, ова е притисок!

Нејмар ги изгуби нервите: Престанете веќе, ова е притисок!

0

Најскапиот играч на светот, Нејмар е лут на медиумите, кои, според негово мислење, постојано пласираат лажни вести.

Нејмар летово премина во ПСЖ за 222 милиони евра, но во последно време се пишува за неговото незадоволство во Париз и можноста да премине со уште еден голем трансфер во Реал Мадрид.

„Ми пречат натписите во медиумите. Среќен сум во Париз и бројките се перфектни. Мотивиран сум да бидам играч кој дава се од себе на теренот, па ми пречат приказните кои се пласираат од луѓето кои мислат дека се знаат, а немаат појма. Еве ви кажувам, немам проблеми во ПСЖ, само ми пречи притисокот од медиумите“, истакна Нејмар.

Со тоа Нејмар веројатно им стави крај на бројните гласини дека набрзо ќе го напушти ПСЖ и дека води војна со одредени членови на клубот.

„Немам никаков проблем со Кавани. Не дојдов да создавам невољи, туку да им помогнам на сите, па и на тренерот Емери. Престанете да пишувате лаги бидејќи се е во ред. Во ПСЖ дојдов да освојувам титули“, порача Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе An. V.
Load More In Останато

Проверете

И Меси има свој проблем со исхраната, на еден продукт не може да му одолее

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси призна дека често пати има проблем со …