Италијанските медиуми пренесуваат дека македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ова лето би можел да го напушти Палермо.
За Несторовски силен интерес покажува турскиот прволигаш Анталијаспор,кој е спремен да понуди 5 милиони евра за Македонецот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Меѓутоа, оваа сума тешко дека ќе ги задоволи апетитите на претседателот на Палермо, Зампарини кој во неколку наврати истакна дека Несторовски не е на продажба.
Наводно Анталијаспор му нуди двојно поголема плата на Македонецот, па последниот збор ќе го има токму фудбалерот.
Останува да видиме дали ќе остане во Палермо или сепак ќе инсистира на преселба во Турција.