Дома Македонски спорт Мак ракомет Неофицијално: Поранешниот тренер на Мешков Брест седнува на клупата на Еурофарм Пелистер!

Неофицијално: Поранешниот тренер на Мешков Брест седнува на клупата на Еурофарм Пелистер!

Според информациите кои се појавија на фан страната посветена на Еурофарм Пелистер, Шпанецот Даниел Гордо ќе биде наследникот на Жељко Бабиќ на клупата на Еурофарм Пелистер.

Гордо го водеше Мешков Брест, но си замина кога започнаа да пристигнуваат санкциите за руските и белоруските тимови поради инвазијата во Украина.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


„Она што долго време се шушка на ,,Широк Сокак” се очекува наскоро да добие официјализација, а тоа е шпанскиот тренер Даниел Гордо да биде нов тренер на Еурофарм Пелистер. Дали Гордо ќе биде официјално нов тренер на Еурофарм Пелистер или не, останува да видиме во наредните неколку денови. “, стои во објавата.

После заминувањето од Мешков Брест Гордо се пресели во Каиро каде што го водеше Ал Ахли до шестиот пехар во Африканскиот Куп. Работеше уште во Адамар Леон, Нава, репрезентациите на Фарски Острови и Бразил…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Наполи

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…