Дома Трансфер зона Нема нови преговори: Јувентус се збогуваше со Дибала, Мората и Бернардески

Нема нови преговори: Јувентус се збогуваше со Дибала, Мората и Бернардески

Преку социјалните мрежи Јувентус денес и официјално се збогуваше со Алваро Мората, Федерико Бернардески и Паоло Дибала.

Мората беше позајмен од Атлетико Мадрид, се пишуваше дека Алегри сака да го задржи, но тоа не се случи, „старата дама“ не ја активираше клазулата за откуп и тој се враќа во Мадрид.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Кога се Дибала и Бернардески во прашање тие си заминуваат откако им истекоа договорите.

Со оваа објава веројатно „паѓаат“ во вода и шпекулациите кои се појавија дека Дибала би можел да ги обнови преговорите за нов договор. Аргентинецот изгледаше дека е блиску до преселба во Интер, но сега ништо не е познато.

Бернардески од Торино си заминува после пет години откако пристигна од редовите на Фиорентина во трансфер кој предизвика бурни реакции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…