Дома Македонски спорт Мак баскет Нема да се продаваат карти за Македонија – Косово од безбедносни причини

Нема да се продаваат карти за Македонија – Косово од безбедносни причини

Македонската кошаркарска федерација нема да пушти во продажба билети за натпреварот со Косово, кој ќе се одигра на 12 август во арената „Борис Трајковски“.

По одржаните состаноци и консултации со надлежните органи, денес беше донесена одлука од безбедносни причини билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Косово да не бидат пуштени во продажба.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската кошаркарска федерација сака да ѝ се извини на целата спортска јавност поради ваквиот развој на настаните со кој им се скратува можноста на оние што сакаа да го проследат овој натпревар од трибините во ВИП-арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Сите оние што поседуваат блок-билети може со истите да присуствуваат на натпреварот, но ќе бидат прераспределени во блок М15. Натпреварот ќе може да се проследи на Првиот програмски сервис на националната телевизија“, стои во соопштението што МКФ го објави на својата интернет-страница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…