Дома Останати Ракомет Нема бронза за Парондо, „Фуријата“ подобра во мечот за трето место

Нема бронза за Парондо, „Фуријата“ подобра во мечот за трето место

Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Парондо со репрезентацијата на Египет остана без медал на ЛОИ во Токио откако денес беа поразени од Шпанија со 31:33.

Египет имаше стартно водство од 5:3, но потоа „Фуријата“ ја презема предност и до крајот на полувремето направи три разлика (16:13).

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во второто полувреме Египет започна да игра подобро, на неколку пати дојде до изедначување, но не и до водство. На крајот Шпанија стигна до бронзата со победа од 33:31.

Најефикасен беше Ел Амар кој постигна осум голови, додека кај Шпанците Гомез беше најефикасен исто така со осум голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Српски репрезентативец е најново засилување на Вардар

Вардар денеска официјално го претстави српскиот интернационалец Вукашин Воркапиќ како ново…