Вторите по ранг натпреварувања се пред самиот крај, борбата за влез во најсилната лига се повеќе се разгорува.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Наредната сезона во најсилните лиги во Европа ќе гледаме некои добро познати клубови, но има и клубови кои досега никогаш не се натпреварувале во највискиот ранг во својата држава.
Англија
Њукасл се врати во Премиер лигата и тоа експресно откако минатата сезона испаднаа. Заедно со Њукасл во Премиер лигата се враќа и Рафа Бенитез. Покрај тимот на Бенитез во Премиер лигата следната ќе го гледаме и Брајтон. Третиот патник ќе биде позна после плеј-офот во кој играат Рединг, Фулам, Шефилд и Хадерсфилд.
Италија
На едно коло пред крајот во Серија Б имаме еден сигурен патник во Серија А, а тоа е тимот на Спал кој се враќа во калчото после 49 години. Од останатите тоа најверојатно ќе биде Верона која има меч топка против Чезена на која бодовите ништо не и значат.
Во плеј-офот покрај Верона или Фросиноне, ќе играат екипата на Цитаделa, Перуџа и Бенвента, а фаворити да се најдат во плеј-офот се уште Карпи и Спезиа. Новара е единствената екипа која може да ги загрози Карпи и Спезиа.
Германија
Во Германија две екипи одат директно во Бундеслигата а третата игра бараж. Познато е дека тие три тима ќе бидат Штудгарт, Хановер и Брауншвајг, но редоследот сеуште не се знае.
Штудгарт и Хановер имаат по 66 бодови, Браушвајг има 63. Сепак, Брауншвајг има најлесна задача во пред последното коло го дочекува Карлсуа, Штудгарт игра како домакин против Вуркубргер, а Хановер гостува кај Садхаузен. По еден освоен бод на Штудгарт и Хановер ќе значи и нивни пласман во Бундеслигата.
Шпанија
Стандардно, ова првенство завршува последно, ќе се играат уште четири кола, а за сега познат е само еден сигурен учесник.
Тоа ќе биде тимот на Леванте, имаат 19 бодови повеќе од Гетафе кој е на третата позиција. Покрај нив, Гирона е главен конкурент за пласман во Примера, имаат седум бодови повеќе од Гетаде и би можеле наскоро да го осигураат својот пласман.
Гетафе, Тенерифе, Кадиз и Уеска се екипите кои во овој момент се наоѓаат од 3 до 6 место на тебелата, а тоа се места кои водат во плеј-офот.
Франција
Најинтересна борба ќе се води токму тука.
На само едно коло пред крајот, а до сега ниту една екипа не е сигурен патник во Лига 1.
Стразбур има 64, Амиен и Троа по 63, Лернс и Брест во 62, Ним 61. Директен пласман ќе обезедбат два тима, еден оди во бараж.