Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан се луѓето кои навивачите на Баерн ги сметаат за виновници за актуелната ситуација во која се наоѓа гигантот од Минхен и лошите резултати.
На поранешните играчки великани во овој период не им оди како функционери, Салихамиџиќ е спортски директор, додека Кан е извршен претседател. Во натпреварот против Манчестер Сити навивачите истакнаа и транспаренти против нив двајца.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Салијамиџиќ и Кан – херои во минатото, губитници денес“, пишуваше на транспарент во првото полувреме.
"Brazzo + Kahn: Heroes of yesteryear – losers of today" – Banner by some Bayern fans [📸 @ransport] pic.twitter.com/COFwzPQRaP
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) April 19, 2023
Кога веќе беше јасно дека Баерн ќе биде елиминиран истакнаа и транспарент преку целата ограда на кој пишуваше.
„Целите можат да се промашат, ама вредностите на клбуот не можат да се сменат! Преиспитајте ја политиката на водење на клубот“, гласеше таа порака на навивачите.
„Ziele dürfen verfehlt werden – Werte des Vereins nicht! Führungspolitik hinterfragen!“ #Südkurve #Kahn #Salihamidzic pic.twitter.com/IpyV3Bx5qY
— ran (@ransport) April 19, 2023