Дома Фудбал Англија Невил: За Ливерпул подобро е да испадне од Баерн Минхен

Невил: За Ливерпул подобро е да испадне од Баерн Минхен

neville liverpool

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед смета дека Ливерпул не може да игра на два фронта.

Ливерпул после новиот кикс против Евертон лидерската позиција во Премиер лигата ја препушти на Манчестер Сити.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тимот од „Енфилд“ ќе води голема борба со „граѓаните“ за титулата шампион, а поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека за Ливерпул би било подобро да испадне од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, доколку сакаат да се надеваат на титула во Премиер лигата.

„Нема да заобиколувам ќе го кажам она што го мислам – испаднете од Баерн. Знам дека не можеш да излезеш на терен со намера да изгубиш во натпреварот, но мислам дека за Ливерпул би било многу подобро да бидат елиминирани од Лигата на шампионите“.

„Зошто? Секако, затоа што така би си го расчистиле распоредот и би им било полесно да се борат за титулата во Премиер лигата каде што Манчестер Сити скоро и да не испушта бодови. Ова беше тешка недела за Ливерпул и двата бода кои ги изгубија против Евертон за викендот може да се случи да бидат пресудни на крајот од сезоната’.

„Сити има потенцијално и неколку натпревари во ФА Купот, а Ливерпул тоа би можел да го искористи. Во овој момент сметам дека шансите се 50-50“,изјави Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Де Јонг: За мене се пишуваат многу лаги…

Френки де Јонг е една од најголемите мистерии во Барселона во овој момент. Во текот на мин…