Дома Видео Неверојатно: Телохранителот го чува Меси и додека игра натпревар 🎥

Неверојатно: Телохранителот го чува Меси и додека игра натпревар 🎥

Еуфоријата во Мајами со пристигнувањето на Лионел Меси во овој клуб и понатаму е голема, Меси досега одигра шест натпревари и постигна гол на секој од нив и има вкупно девет гола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер Мајами со него победува, додека пред да пристигне Меси тимот не знаеше за триумф два месеци.

Аргентинецот предизвикува еуфорија каде и да се појави, голем број фанови сакаат фотографија со него, па затоа неопходен му е телохранител. Но, звучи неверојатно дека телохранителот на Меси има обврска да го чува и додека тој игра натпревар.

Тоа може да се забележи на двете видеа објавени на социјалните мрежи каде што се гледа истиот човек до Меси кога излегува од автобусот и кога еден фан на теренот се обидува да дојде до Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Реал Мадрид му нуди 23-годишен играч за врска на Манчестер Сити

Фокусот на Реал Мадрид целосно се пренасочи кон заминувања во последниве недели и клубот р…