Дома Трансфер зона Неверојатно тврдење: Премиерлигаш следи 5.000 потенцијални засилувања!

Неверојатно тврдење: Премиерлигаш следи 5.000 потенцијални засилувања!

Eкипата на Вулверхемптон во голем стил се врати во Премиер лигата оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во овој момент „Волците“ се наоѓаат на средината на табелата со 15 бодови од девет натпревари, но нивните цели според вложувањата се далеку поголеми.

Клубот констатно е во потрага по засилувања. Засега во тимот има мала португалска колонија, а спортскиот директор Кевин Телвел за медиумите откри нешто навистина неверојатно.

Имено, тој тврди дека Вулверхемптон во овој момент следи – 5.000 играчи!

„Можам да потврдам дека месечно добиваме извештаи за околу 5.000 фудбалери. Тоа е голем процес. Не сакаме само да седиме со скрстени раце и да чекаме. Возбудливо е да се истражува. Се уште немаме одлука за јануарскиот преоден рок, тешко е да се одлучи, но не се жалам“, изјави Телвел.

Следното коло Вулверхемптон игра на гостински терен против Брајтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…