Манчестер Јунајтед ќе треба да му плати 15 милиони фунти на Пол Погба ако се раздели со него ова лето, тврди „Сан“.
Тоа е вредноста на годишната плата на Погба, односно до истекот на неговиот договор. Клаузулата која ја има во договорот е причина што „црвените ѓаволи“ се двоумат дали да го задржат или да го продадат ова лето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Следното лето Погба ќе биде слободен агент и може да си замине од „Олд Трафорд“ без обештетување.
Манчестер Јунајтед му понуди нов договор со плата од 400.000 фунти по сезона, со што Погба ќе стане најплатен играч во Премиер лигата. Меѓутоа, Французинот за сега одбива да стави потпис на нов договор.
Man Utd will have to pay Paul Pogba £15m in wages even if he QUITS in summer transfer https://t.co/WRSU2bjDoI
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) July 31, 2021