Ниту „Енфилд“, ниту „Олд Трафорд“, ниту „Стенфорд Бриџ“…„Маракана“ на Звезда ја сместија на самиот врв!
Фудбалска Европа не беше воодушевена само од фудбалерите на Црвена Звезда кои славеа победа против Ливерпул, на Островот се уште се пишува за неверојатната атмосфера која беше направена на стадионот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реномираниот „BBC“ состави листа од најспектакуларните стадиуни, со најголемата бучава која на противниците им влева „страв во коски“. Англичаните така стадионот во Белград
„Рајко Митиќ“ го рангираа на високото второ место, веднаш зад аргентинската „Бомноњера“ на која настапува Бока Јуниорс.
„Ливерпул е тим кој е навикнат на жешка атмосфера на натпреварите ширум Европа, но тешко дека некаде се чуствуваа онака како против Звезда во Белград. Маракана – која го доби името по легендарниот бразилски стадион е дом на српскиот шампион Црвена Звезда од 1963 година и таму се создава неверојатна бучава“, наведува „BBC“.
После „Бонбоњера“ и „Рајко Митиќ“ следуваат боливискиот „Ернандо Силес, „Турк Телеком Арената“ на Гаталасарај, „Сан Паоло“ во Неапол, „Де Кајп“ во Фејенорд и „Местаља“ во Валенсија.
Red Star Belgrade have a massive track around their pitch yet listen to the atmosphere they’re creating. Better than most atmosphere’s in England. Some journalists will still say ‘it’s not a football stadium.’ West Ham have a similar pitch. #REDLIV pic.twitter.com/unW2MNnBBY
— # (@R1Finesse) November 6, 2018