Дома Фудбал Англија На Митровиќ му се заканува жестока казна: Може да добие суспензија од 10 натпревари?!

На Митровиќ му се заканува жестока казна: Може да добие суспензија од 10 натпревари?!

Maнчестер Јунајтед со пресврт го елиминираше Фулам и се пласираше во полуфиналето на ФА Купот, а во тој натпревар црвен картон заработи српскиот напаѓач Александар Митропвиќ.

Митровиќ прво му донесер водство на Фулам на „Олд Трафорд“, а пота кон средината на второто полувреме ги загуби нервите. Српскиот напаѓач не успеа да се исконтролира откако судијата Крис Кеван досуди пенал за Јунајтед и го исклучи Вилијан поради играње со рака.

По досудената одлука Митровиќ брзо реагираше и го повлече судијата за рака по што му се „внесе“ во лице и сосема заслужено беше исклучен.

Ригорозни се правилата на ФА кога во прашање е заштитата на судиите, па за Митровиќ се шпекулира и дека може да добие суспензија од десет натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија без Кин против Турција, Манчини се потпира на Скамака

Моисе Кин го напушти кампот на Италија поради повреда, а Манчини размислува да го стартува…