Дома Фудбал Англија На Ливерпул му олесна: Ништо од суспензијата на Салах

На Ливерпул му олесна: Ништо од суспензијата на Салах

Фудбалерите на Ливерпул викендов ремизираа на домашен терен против Стоук, а во центарот на вниманието после натпреварот се најде Мохамед Салах.

Египќанецот оваа сезона е најдобар фудбалер на Ливерпул и до сега има постигнато 31 гол во Премиер лигата. Меѓутоа, на Салах не му „одеше“ на мечот со Стоук, а денес се појавија шокантни информации дека би можел да биде суспендиран.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Имено, се појави информација дека ФА го истражува моментот кога Салах наводно се обидел да го удри противничкиот играч. Англиските медиуми пренесоа дека Египќанецот би можел да биде суспендиран на три натпревари.

Сепак, на „Енфилд“ може да воздивнат, бидејќи ФА денес потврди дека Салах нема да биде суспендиран бидејќи јасно се гледа дека немал намера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хаос пред натпреварот: Навивачите на Барселона го нападнаа автобусот со играчите на Атлетико Мадрид!

Вечерва со почеток од 21 час ќе биде одигран реванш натпреварот од полуфиналето на Купот н…