Дома Останати Ракомет На Европското првенство во Германија се постави уште еден неверојатен рекорд

На Европското првенство во Германија се постави уште еден неверојатен рекорд

Германија се покажа како идеална земја за одржување на Европското првенство во ракомет, турнирот каде што се чека финалето помеѓу Франција и Данска помина перфектно.

Освен што немаше никакви проблеми се поставија и одредени рекорди. Првиот рекорд беше поставен уште во првиот ден кога Македонија против Франција играше пред 53.586, а таа бројка беше зголемена со дуелот на домаќинот и Швајцарија истиот ден.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тие натпревари се играа во „Меркур Шпил Арената“ која за овие потреби се трансформираше во ракометно игралиште.

Но сега стигна и потврда за уште еден рекорд во вкупната посетеност. Турнирот досега го гледале 1.008.660 навивачи од сите земји, бројката и ќе се зголеми со одигрувањето на финалето.

Дефинитивно ова е рекорд кој во наредните првенства ќе биде тешко соборлив за наредните домаќини на турнирите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…