Барселона синиќа не успеа да го понеди Олимпијакос во Пиреја, а овој меч ќе се памети и по еден неславен рекорд на Каталонците.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Барселона не успеа да постигне гол во натпревар од групата фаза од Лигата на шампиони после цели пет години.
Последен пат Каталонците не постигнаа гол на 5-ти декември 2012 година кога одиграа 0-0 против Бенфика на „Камп Ноу“.
„Се обидовме да дојдеме до голот на противниот преку поседот на топката, но тие одлично си ја завршија работата во дефанзива. Имавме шанса за победа и да си ја осигураме следната фаза, но не успеавме и мораме да продолжиме понатаму“, изјави тренерот Валверде.
На Барселона потребен и е само еден бод во следните две кола за пласман во нокаут фазата.