Дома Останати Најтежок пораз во кариерата: Андерсон го прегази Нишикори

Најтежок пораз во кариерата: Андерсон го прегази Нишикори

Јапонскиот тенисер Нишикори го доживеа најтешкиот пораз во кариерата, откако на Мастерсот во Лондон беше декласиран од Кевин Андерсон со резултат 6:0 и 6:1.

Во претходното коло Нишикори го победи фаворизираниот Федерер, но денес не личеше на себе и го доживеа најтешкиот пораз во кариерата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Андерсон за нешто повеќе од еден час игра му допушти само еден гем на Јапонецот и победи со 6:0 и 6:1.

Во вториот дуел вечерва од оваа група, Федерер ќе игра против Тием и ќе нема право на грешка доколку сака да се најде во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Британец го предупреди Ѓоковиќ!

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се соочува со можноста неговата одлука да настапув…