Дома Топ вести Најскапиот зимски преоден рок: Ова се ТОП 20, само на дефанзивци потрошени 215 милиони евра!

Најскапиот зимски преоден рок: Ова се ТОП 20, само на дефанзивци потрошени 215 милиони евра!

0
laporte

Иако овој зимски преоден рок беше најскапиот во историјата во последните часови или минути немаше некој сензационален трансфер.

На неколку часа пред крајот Манчестер Сити се повлече од преговорите за доведување на Ријад Марез, Гвардиола нудеше 75 милиони евра и неименуван играл, но Лестер бараше 110 милиони евра.

Но и доколку трансферот беше реализиран тој не би бил најголем оваа зима бидејќи Барселона за Кутињо плати 120 милиони евра, а истата сума може да порасне и до 160 милиони преку бонуси. На второто место е Вирџил Ван Дијк кој Саутемптон го замени со Ливерпул за 79 милиони евра.  Холанѓанецот е еден од најскапите 20 дефанзивци на кои беше потрошени 2015 милиони евра.

Во продолжение ви ги претставуваме најскапите 20 трансфери во најинтересниот зимски преоден рок во историјата.


Следете го Sportski.mk и на


1.Фелипе Кутињо 120+40 милиони евра со бонуси (Од Ливерпул во Барселона)

2.Вирџил Ван Дијк 79+6 милиони евра (Од Саутемптон во Ливерпул)

3.Диего Коста 66 милиони евра (Од Челси во Атлетико Мадрид)

4.Емерик Лапорте 65 милиони евра (Од Атлетик Билбао во Манчестер Сити)

5.Пјер-Емерик Обамејанг 64 милиони евра (Од Борусија Дортмунд во Арсенал)

6.Седрик Бакамбу 40 милиони евра (Од Виљареал во БЈ Синобо Гуан)

7.Иниго Мартинез 32 милиони евра (Од Реал Сосиедад во Атлетик Билбао)

8.Лукас Моура 29 милиони евра (Од ПСЖ во Тотенхем)

9.Андре Ајев 23 милиони евра (Од Вест Хем во Свонси)

10.Тео Волкот 22.5 милиони евра (Од Арсенал во Евертон)

11.Ценк Тосун 22 милиони евра (Од Бешикташ во Евертон)

12.Гуидо Карлио 21.5 милиони евра (Од Монако во Саутемптон)

13.Мануел Аканџи 21.5 милион евра (Од Базел во Борусија Дортмунд)

14.Пјетро Пелегри 21 милион евра (Од Џенова во Монако)

15.Емерсон Палимери, 20 милион евра (Од Рома во Челси)

16.Оливие Жиру 17 милиони евра (Од Арсенал во Челси)

17.Јурген Локадиа 17 милиони евра (Од ПСВ во Брајтон)

18.Баду Н’Даје 16 милиони евра (Од Галатасарај во Стоук)

19.Франсис Кокелан 14 милиони евра (Од Арсенал во Валенсија)

20.Сандро Вагнер, 13 милиони евра (Од Хофенхајм во Баерн)

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Видовме се: Продолженија, исклучување, супер гол на крајот шампион е – Ривер! (ВИДЕО)

Денес после неколку одложувања конечно се одигра долгоочекуваниот реванш во „Суперкласико“…