Дома Фудбал „Најдобриот момент во целиот мој живот“, Меси против Гетафе го израдува момчето кое собираше топки 📸

„Најдобриот момент во целиот мој живот“, Меси против Гетафе го израдува момчето кое собираше топки 📸

Барселона во четвртокот на свој терен го победи Гетафе со убедливи 5:2 во рамките од 31. коло во шпанската Ла Лига.

Каталонците така дојдоа до важна победа во борбата за титулата и сега имаат се во свои раце. Ако Барселона победи на сите преостанати седум натпревари ќе биде шампион на Шпанија без оглед на резултатите на Атлетико и Реал Мадрид.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


После натпреварот против Гетафе Меси добива пофалби за потегот го направи после неговиот втор гол на натпреварот. Во тој момент Меси одлучи голот да го прослави со момчето кое беше задолжено за собирање топки позади голот.

Момчето после натпреварот не го криеше воодушевувањето.

„Ова е најдобрата работа која ми се случила во целиот живот. Не можам да верувам дека тоа се случи“, изјави ова момче по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Необичен aвтогол на Maрка го нарече “Еден од најглупавите” изминативе години

ЕИБАР продолжи да си креира успешна приказна на домашен терен, каде што победи на сите три…