Дома Трансфер зона Најблискиот пријател на Роналдо не е сигурен дали Португалецот ќе остане во Јувентус

Најблискиот пријател на Роналдо не е сигурен дали Португалецот ќе остане во Јувентус

Во последните неколку недели не запираат шпекулациите дека Роналдо на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус, иако од клубот негираат такво нешто.

Најблискиот пријател на Роналдо во Јувентус, Карло Понсолио не е сигурен дали Португалецот ќе остане во Торино.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Не знам дали Роналдо ќе остане, но би сакал, бидејќи неговото влијание е огромно. Му останува уште една година од договорот и се надевам дека ќе остане“, истакна Понсолио.

„Соиграчите се шегуваат дека ќе одам на Европско првенство со Роналдо и Португалија. Нашето пријателство започна кога почна да тренира шут со мене. Тој секогаш ми дава голови од слободен удар, не знам зошто тоа не му успева на натпреварите, сигурно е лоша среќа“, додаде голманот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…