Томас Тухел вечерва игра решавачки натпревар на клупата на Баерн Минхен, но многу се пишува за неговиот следен клуб.
Германецот потврди дека нема шанси да остане во Минхен, но јавно истакна дека Премиер лигата е посебна за него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не е тајна дека убаво ми беше во Челзи, Премиер лигата е навистина посебна за мене“, изјави Тухел, а таа негова изјава веднаш предизвика и доза шпекулации.
Новинарот Флоријан Плетенберг откри дека Тухел е многу заинтересиран да го преземе Манчестер Јунајтед поради традицијата и големината, иако клубот минува низ тежок период.
Англиските медиуми повторно пишуваат за заминувањето на Ерик тен Хаг, кој целосно ја загуби контролата над соблекувалната и веќе никој не ги слуша неговите инструкции.
Сезоната е залудно потрошена, никој не верува во победа над Сити во финалето на ФА Купот, па затоа уште повеќе се пишува за Тухел како наследник.