Дома Фудбал Италија Наследниците на Мино Раиола уништуваат се што тој градеше за неполна година?!

Наследниците на Мино Раиола уништуваат се што тој градеше за неполна година?!

Фудбалскиот свет беше во шок откако кон крајот на април почина фудбалскиот агент Мино Раиола кој беше познат по соработката со некои од најголемите фудбалски ѕвезди.

Раиола знаеше како да ја работи својата работа, па така можеше од провизија на одредени трансфери да заработи и над 30 милиони евра. По неговата смрт работата со агенцијата ја презема адвокатката и негова блиска соработничка, Рафаел Пимента, а и помагаша Винченцо. Сега италијанските медиуми пренесуваат дека тие успеале целото царство на Раиола да го уништат за само осум месеци.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Агенцијата соработуваше со 76 фудбалери и тренери, меѓутоа голем дел од нив ги прекинале договорите по смртта на Раиола. Од познатите фудбалски имиња верни останаа Ибрахимовиќ, Халанд, Погба, Донарума и Верати.

Но, сепак нови проблеми настанале кога Винченцо и Рафаела влегле во приватна војна кој да биде на чело на агенцијата. Според последните шпекулации во медиумите тоа ќе доведе до разделба на патиштата, а со тоа веројатно и заминување на преостанатите големи ѕвезди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…