Дома Трансфер зона Наследникот на Халанд пристигна во Дортмунд

Наследникот на Халанд пристигна во Дортмунд

20-годишниот германски репрезентативец Карим Адејеми пристигна во Дортмунд на лекарски прегледи.

Се очекува напаѓачот на Салцбург денес да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на 5-годишен договор со Борусија Дортмунд.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дортмунд има договор со Салцбург од поодамна, а Адејеми треба да биде наследникот на Ерлинг Халанд, кој се сели во Манчестер Сити.

Според информациите 20-годишниот Адејеми ќе добива 5 милиони евра по сезона, а Борусија за неговиот потпис ќе плати 30 милиони евра плус бонуси.

Ова е трето засилување за Дортмунд за следната сезона после двајцата дефанзивци Никлас Зуле и Нико Шлотербек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…