Дома Фудбал Англија Наседна ли Пеп? Јувентус доби 40 милиони евра, плус Данило како „кусур“, а Сити – промашување!

Наседна ли Пеп? Јувентус доби 40 милиони евра, плус Данило како „кусур“, а Сити – промашување!

Симптоматично е што никаде не се задржа долго, а сите укажуваат на неговите квалитети, тренерите не го сакаат. Последен кој наседна беше Пеп Гвардиола.

Навивачите на Јувентус многу коментираа поради продажбата на Кансело во текот на летото, Јувентус инкасираше 40 милиони евра и го доби Данило како „кусур“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Данило во Јувентус во овој момент е надвор од терените поради повреда, меѓутоа тој веќе успеа да запише еден гол во дресот на „старата дама“.

Кансело минатата сезона ја делеше минутажата со Де Шиљо, а многумина го обвинуваа Алегри дека го става Португалецот во втор план. Тренерот не му веруваше бидејќи беше одличен на противничката половина, но лош пред својот гол.

Кога стигна Сари се мислеше дека ќе има загарантирано место поради офанзивниот стил на игра, меѓутоа тој побара Кансело да замине, тоа и се случи.

Кансело сезоната пред да игра за Јувентус ја помина во Интер, одигра 26 натпревари, ни Спалети не беше воодушевен и клубот не го откупи неговиот договор, сметаа дека 40 милиони евра се премногу.

Ова лето премина во Сити и не покажа скоро нишо.

Португалецот одигра само два натпревари, против Динамо Загреб и против Вулвс кога беше очаен и доби свирежи од навивачите на Сити.

Се уште е рано, но проблемот кај Кансело е што дефанзивно е преслаб и засега изгледа како Пеп да направи големо промашување со него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Само еден фудбалер бил подобар од Миовски викендов во Ла Лига 📸

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски викендов го одигра најдобриот натпревар од неговото при…