Вечерва беше одиграно дербито на Серија А помеѓу Јувентус и Наполи и гледавме навистина фантастичен натпревар.
Јувентус до предност стигна во 16-тата минута и тоа со првиот допир на топката на Данило кој влезе во игра само 30-тина секунди претходно на местото на повредениот Де Шиљо. Само три минути подоцна Игуаин изведе една мајсторија на мал простор и постигнува гол за 2:0.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Со тој резултат се замина и на полувреме.
После 62 минути игра никој не мислеше дека ќе гледаме драма затоа што Роналдо погодува за 3:0.
Меѓутоа тогаш започна шоуто на „Алијанц Арената“. Прво Манолас намалува на 3:1 во 66-та, а Ирвинг Лозано во 68-ма погодува за 3:2.
Наполи тогаш тргна во налет и успеа да постигне гол за 3:3 преку Ди Лоренцо на десетина минути пред крајот.
И тогаш кога сите мислеа дека направија вистинско чудо, Кулибали си постигнува неверојатен автогол во втората минута од судиското продолжение. Навистина натпревар за паметење.
Goal of the season..koulibaly scoring a montrous goal in his own net!!!???#juve #JuveNapoli pic.twitter.com/7J8F3YaiG8
— EYEBROWS (@m_funbi) August 31, 2019