Иако имаше понуди, сепак македонскиот репрезентативец Елиф Елмас летово одлучи да остане во Наполи.
Но, кај Руди Гарсија на кого и сериозно му се тресе столчето поради лошите резултати скоро и да не добива прилика. Најмногу минути Елмас сезонава доби во натпреварот против Унион Берлин во вторникот кога го одигра комплетното второ полувреме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега италијанскиот новинар, Фабио Мандарини објави дека Наполи се обидел да започне преговори за да му го продолжи договорот кој му истекува во 2025 година. Клубовите кои се споменуваа како можни дестинации се Ливерпул и Лајпциг.
Елмас наводно нема да брза со одлуката и ќе почека да види како ќе се одвиваат работите пред да донесе конечна одлука дали ќе се реши да стави потпис на нова соработка.