Дома Фудбал Останато Напаѓачите на Обамејанг биле од Косово!?

Напаѓачите на Обамејанг биле од Косово!?

Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг се соочи со непријатно искуство во неговиот дом откако четири маскирани лица влегле во неговиот дом, го нападнале и ограбиле.

Шпанските медиуми објавија дека инцидентот се случил изминатата ноќ, а напаѓачот бил претепан после обидот да се одбрани. Според последните информации штетата во домот на Обамејанг е околу 300.000 ера.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Веднаш била известена полицијата кога напаѓачите си заминале. Во описот Обамејанг и семејството навеле дека групата зборувала на италијански јазик.

Четворицата напаѓачи побегнале со „Ауди А3“ кое може да се види на надзорните камери. Сега е објавено дека полицијата го знае идентитетот на лицата кои влегле во домот на Габонецот.

Наводно, станува збор за група од Косово која подолги години прави проблеми во Шпанија, а Обамејанг е само еден во низата. И претходно имало обид да се влезе во домот на Обамејанг, но тогаш биле спречени од алармот и избегале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …