Дома Трансфер зона Наинголан нема намера да си замине од Интер

Наинголан нема намера да си замине од Интер

0

Играчот за врска на Интер, Раџа Наинголан нема намера да си замине од клубот, иако не влегува во плановите на новиот тренер Антонио Конте.

Италијанските медуми пренесоа дека со самото доаѓање на Конте во Интер изјавил дека нема намера да го толерира непрофесионалното однесување на Наинголан и се очекува Белгиецот да биде продаден.

Наинголан пристигна во Интер минатото лето како големо засилување, но не ги оправда очекувањата и неколку пати беше казнет поради недисциплина.

„Имам уште три години од договорот со Интер и сум спокоен. Немам намера да го напуштам клубот после само една година“, изјави Нанголан.

Сепак, раководството на „нероаѕурите“ е спремно да го продаде Белгиецот и очекува понуди од заинтересираните клубови.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Повеќе нема дилеми: Лукаку е пред трансфер во Интер! (ВИДЕО)

Ромелу Лукаку веќе подолго време се поврзува со Интер, а сега ни пристигнува доказ дека не…