Дома Останати Тенис Надал потешко од очекувањата, со пресврт се пласираше во осминафиналето во Барселона

Надал потешко од очекувањата, со пресврт се пласираше во осминафиналето во Барселона

nadal

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на турнирот во Барселона откако денес го порази Аргентинецот, Леонард Мајер со 2:1 во сетови.

Надал имаше големи проблеми во овој меч, посебно во првиот сет кој на крајот го изгуби во тај брејк.

Аргентинецот славеше со 9:7 во тринаесетиот гејм и на тој начин поведе со 1:0 во сетови, но Надал сепак успеа да го сврти резултатот. Вториот рекет во светот наредните два сета ги доби со 6:4 и 6:2 и така се пласираше во осминафиналето каде што го чека сонародникот Давид Ферер.

Ферер денес го победи Лукас Пулие со 2:0 во сетови, а интересен беше и мечот помеѓу Димитров и Вердаско кој Бугаринот го изгуби со 2:1 во сетови.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Федерер: Зошто да тренирам? Сега уживам

Проблемот со коронавирусот се уште постои во сите спортови па така и во тенисот и сега не …